
Реал Мадрид не запира: „Кралевите“ пред договор и со второто засилување
Станува збор за фудбалер кој во минатото беше дел и од младинските категории на „кралевите“, но никогаш не доби вистинска шанса во Мадрид.
Карерас според информациите има голема желба повторно да го облече белиот дрес и не поставил никаков дополнителен услов од тоа што му било понудено.
Сепак, останува и потешкиот дел, а тоа е договор помеѓу клубовите. Преговорите веќе започнале и добро се развивале, но истите биле стопирани поради финалето во Купот на Португалија кое денес Бенфика го игра против Спортинг, тоа е и последната шанса за трофеј откако ја загубија трката за шампионската титула во првенството.
Фото: Benfica/X