
Бобан Илиоски не го дава тронот, ја одбрани светската кик-бокс титула!
Македонскиот кикбоксер овојпат беше подобар од Французинот, Кадри Мурсели. Илиоски беше доминантен во рингот и на крајот заслужено беше подигната неговата рака.
Мечот меѓу Илиоски и Мурсели беше во Женева, Швајцарија. Македонскиот борец со овој настап потврди дека чекори по вистинската патека.
Илиоски ја освои светската титула минатата година кога во Скопје го совлада Берк Дузенли од Турција. Со сегашниот триумф во Женева им даде дознаење на конкурентите дека ќе треба добро да се подготват за да го симнат од тронот.