
Де Лаурентис ги „брка“ тренерите кои му носат Скудето - прво Спалети, сега Конте!
Конте имаше тешка сезона, на полусезона Де Лаурентис му го продаде најдобриот играч, Кварацхелија, но италијанскиот стратег успеа да го извади максимумот од тимот и да го освои Скудетото.
Сепак, како што сега стојат работите тој нема да остане. Конте и Де Лаурентис имаа ладен поздрав на славјето по мечот против Каљари.
„Доколку некој не е среќен со опкружувањето тогаш треба да го промени сценариото, исто како и Спалети што направи“, рече Де Лаурентис на вчерашната роденденска негова забава.
„Имам почит за Конте, му благодарам за Скудетото кое дојде две години по последното и тоа не е лесно за клуб од јужна Италија да освои две титули од Серија А за три години“.
Де Лаурентис не сакаше да му понуди подобар договор на Спалети откако тој му го донесе Скудетото, а сега не е на иста бранова должина и со Конте.
Се верува дека стратегот би можел да се врати во Јувентус или да се пресели во Милан.