Ивановски и Бугариќ поразени во двојки на челинџерот во Скопје

Калин Ивановски и Берк Бугариќ беа елиминирани во двојки на стартот на челинџер-турнирот во Скопје, откако загубија со 1-2 во сетови од Ритвик Болипали и Виџај-Сунар Прашант.

Ивановски и Бугариќ не го почнаа мечот најдобро и имаа негатива од 1-3, меѓутоа потоа се соземаа и влегоа во одлична серија за да слават со 6-4.

Болипали и Прашант се разиграа во продолжение од средбата, па во вториот сет стигнаа до 6-3, додека во последниот триумфираа со 10-8.

Македонските претставници претходно доживеаја неуспеси и во сингл-конкуренција, односно Ивановски загуби од Пољичак, додека Бугариќ испадна во квалификациите за турнирот.