Перез донел одлука, Модриќ заминува од Реал Мадрид!?

Иднината на Лука Модриќ стана како сапунска серија, за неа постојано се пишува во шпанските медиуми, а информациите се прилично различни.

Последните се дека Модриќ во сабота ќе го одигра последниот натпревар за Реал Мадрид и ќе се збогува со фановите на кралскиот клуб.

Клубот одлучил да не му понуди нов договор, па тој ќе мора на друго место да ја заврши кариерата.

За сабота планирана е цела церемонија за испраќање на Лука Модриќ.