Албанец ќе кажува кои фудбалери ќе дојдат, а кои ќе заминат од Милан!

Според италијанските медиуми, албанската фудбалска легенда, Игли Тере наскоро ќе биде назначен за нов спортски директор на Милан.

Ова лето во Милан ќе се случат промени во раководните структури, но и во играчкиот кадар.

Игли Таре ќе биде нов спортски директор, а наводно негов прв избор за тренер е Винченцо Италијано.

Повеќе италијански медиуми објавуваат дека росонерите му ја понудиле работата на Таре откако имале неколку состаноци со него.

Таре не бил прв избор на Милан, росонерите го сакале Тони Дамико, спортскиот директор на Аталанта, но тој ја одбил понудата.

Ако Дамико бил назначен за нов спортски директор, тогаш Маурицио Сари ќе бил прв избор за тренерската позиција, а со Таре прогнозите се дека ќе дојде Италијано.