Манчестер сити ќе постави статуа пред „Итихад“ во чест на Де Брујне (ФОТО)

Англискиот гигант Манчестер Сити официјално објави дека ќе ѝ оддаде чест на една од своите најголеми фудбалски легенди, Кевин Де Брујне со поставување на статуа пред стадионот „Итихад“.

Белгискиот плејмејкер, кој со години е клучна фигура во успесите на Сити, ќе добие свое место покрај легендите како Винсент Компани и Давид Силва, кои веќе имаат свои статуи пред стадионот.

„Граѓаните“ со ова сакаат да му оддадат почит за неговиот огромен придонес во освојувањето на големиот број титули и незаборавните моменти кои ги создаде во небесно синиот дрес.

Де Брујне го носеше дресот на „граѓаните“ од 2015 година, а по цела деценија реши дека е време за нов предизвик во кариерата.