
Инзаги доби мега понуда од Саудиска Арабија - си оди веднаш по финалето на ЛШ!?
Газета дело спорт тврди дека за трофејниот стручњак е заинтересиран Ал Хилал кој нуди годишна плата од 20 милиони евра, сума која е далеку повисока од онаа која ја добива во моментов во Интер. Ако ја прифати понудата, Инзаги ќе пристигне во Ријад на 1 јуни, само еден ден по финалето од Лигата на шампионите во кое на Алијанц арената, Интер ќе се сретне со ПСЖ. Во случај на победа на „нераѕурите“ на тој меч, на Интер ќе му се повтори ситуацијата од 2010 година кога Мурињо ја освои титулата во ЛШ и следниот ден потпиша со Реал Мадрид, па дури не учествуваше на прославата во Милано.
Според Газета дело спорт, претседателот на Ал Хилал, Фахад бин Нафел веќе престојувал во Милано и имал контакт со претставниците на Инзаги, а по враќањето дома истакнал дека е задоволен од разговорите. И покрај фантастичната сезона, можно е Инзаги да ја заврши сезоната без трофеј бидејќи во пресрет на последното коло во Серија А има бод заостанување зад Наполи, а во финалето од ЛШ се среќава со ПСЖ кој е во многу подобра форма во моментов.