На повидок сензационално враќање на Тен Хаг?!

Холандскиот стратег Ерик Тен Хаг е без ангажман од ноември кога доби отказ во Манчестер јунајтед.

Се шпекулираше дека би можел да ја преземе Рома, па се споменуваше и како опција за Баер Леверкузен, сепак на крајот не се случи ништо конкретно.

Но, сега медиумте во Холандија пренесуваат дека би можел да го преземе Ајакс откако Италијанецот Франческо Фариоли го напушти кормилото по сезоната во која останаа без трофеј во првенството иако до пред еден месец имаа и осум бода предност на врвот на табелата.

Наводно, Тен Хаг е во прв план кај техничкиот директор Алекс Крус и тоа го пренесува еден од најпознатите холандски медиуми „Де Телеграф“. Во Ајакс Тен Хаг помина четири години и под негово воддство тимот дојде до полуфиналето во Лигата на шампионите кога Тотнем ги елиминираше со гол во последните минути.

По работата во Ајакс се пресели во Манчестер јунајтед каде што не се прослави и сега е без ангажман.

Фото: Manchester United/X