
Еден од најдобрите светски голмани со солзи го најави заминувањето од „Вила Парк“!
По победата над Тотнем со 2-0, која го задржа тимот на Унаи Емери во трката за пласман во Лигата на шампионите, аргентинскиот чувар на мрежата приреди сцена што ретко се гледа – со солзи во очите остана на теренот подолго од останатите и им се заблагодари на навивачите на „Вила Парк“. Аргентинецот веќе добил три конкретни понуди, а една од нив веќе одбил – таа од Саудиска Арабија. Желбата му е да продолжи со кариерата во Европа и да остане во топ-форма за Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Другите две понуди пристигнале од европски клубови од самиот врв, а голманот наскоро треба да ја донесе конечната одлука. Мартинез е прв голман во аргентинската репрезентација и е еден од најзаслужните за титулата светски шампион во Катар 2022.