
Историјa за Кристал Палас, прв трофеј во 120 години постоење! (ВИДЕО)
Денешниот датум со златни букви ќе биде испишан во историјата на Кристал Палас, освоен е првиот трофеј и тоа во финале против Манчестер Сити.
Клучниот момент се случи во 16. минута кога Езе погоди по асистенција од Муњоз. Тоа беше и единствениот гол на мечот.
Брзо потоа следуваше контроверзна ситуација, Хендерсон играше пред Халанд со рака надвор од шеснаесетникот, но не му беше покажан црвен картон иако се гледаше и ВАР.
Но, компензацијата стигна во 35. минута кога за Сити беше свирнат лесен пенал, но Хендерсон го одбрани ударот на Мармуш.
До крајот Кристал Палас го одби налетот на Сити, даде и уште еден гол кој им беше поништен поради офсајд.
На крајот лондонскиот клуб заслужено се радува на овој историски трофеј.