Охрид го испоти Пелистер, но не го изненади - победа за битолчани!

Пелистер со 34-30 го победи Охрид и запиша уште еден триумф во ракометниот плеј-оф, Охриѓани пружија сериозен отпор, но сепак си заминаа со пораз.

Ракометарите на Охрид одлично го почнаа мечот, на двапати имаа предност и од два гола разлика, беше 6-4 и 7-5, но како одминуваше времето Пелистер играше се подобро и на одморот замина до предност од 17-14.

Охрид не се предаде, во вториот дел неколкупати дојдоа до само еден гол негатива, но не успеаа да го свртат резултатот. Финишот му припадна на Пелистер кој на крајот славеше победа од 34-30.

Кузмановски со девет голови беше најефикасен во составот на Пелистер, Шабиб постигна четири. Кај Охрид најдобар беше Јукиќ со седум погодоци.