
Шкендија го крена пехарот, по петти пат се шампиони на Македонија! (ВИДЕО)
Шкендија во витрините стави уште еден шампионски пехар, тетовскиот тим по петти пат е шампион на Македонија.
Денеска го загубија мечот со Силекс со 3-1, но тоа не им го расипа славеничкото расположение.
Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ му го предаде шампионскиот пехар на капитенот, Бесар Ибраими по што славјето можеше да започне.