
Нов гол на Митровски во Хрватска, најави пресврт за Вараждин! (ВИДЕО)
Гостите водеа со 1-0, кога Митровски во 22 минута погоди за израмнување на 1-1, а потоа дадоа уште еден гол за комплетен пресврт и триумф од 2-1.
Митровски со денешниот настап само потврди дека заслужен е меѓу петте кандидати за најдобар фудбалер во хрватската лига оваа сезона.
Покрај него на мечот настапија уште двајца Македонци.
Марио Младеновски беше стартер во дефанзивата на Вараждин, тој на теренот остана до 69. минута кога беше заменет.
Во 78. минута во игра влезе Ване Јованов на местото од Димитар Митровски.