Хендерсон: Го загубив татко ми на почетокот од сезоната, овој трофеј е за него!

Голманот Дин Хендерсон беше еден од најзаслужните играчи на Кристал Палас за победата во финалето од ФА Купот против Манчестер Сити и освојувањето на историскиот трофеј за лондонскиот клуб.

Хендерсон му одбрани пенал на Мармуш, тој вели дека знаел дека ќе биде поуспешен од фудбалерот на Сити.

„Знаев дека ќе му го одбранам пеналот на Мармуш, знаев каде ќе шутира“, вели Хендерсон.

Голманот трофејот му го посветува на својот татко кој починал на почетокот од сезоната.

„Го загубив мојот татко на стартот од сезоната. Ми недостасуваше тука денеска, но тој беше со секој мој удар на топката. Оваа победа му ја посветувам нему“, рече емотивно Дин Хендерсон.