
Гвардиола не знае да губи, наместо да честита - се расправаше со Хендерсон! (ВИДЕО)
Еден од хероите на Кристал Палас беше голманот Дин Хендерсон кој му одбрани пенал на Мармуш.
Претходно се случи и контроверзен момент во кој Хендерсон требаше да добие црвен картон поради игра со рака надвор од шеснаесетникот, но му беше прогледано низ прсти.
Голманот на Кристал Палас на крајот и задржуваше време, а со сето тоа дополнително го наполни Гвардиола со гнев кој беше истурен токму врз Хендерсон по последниот судиски свиреж.