На Роналдо му пречи што сите во С. Арабија велат дека Ал Наср победува со судии!
Роналдо наскоро ќе го освои првиот голем трофеј откако се пресели во Саудиска Арабија, Ал Наср ќе ја освои шампионската титула.
На вчерашниот меч меѓу Ал Наср и Ал Ахли се случуваше вистински хаос. Имаше и тепачки меѓу фудбалерите, но и провокации.
Играчот на Ал Ахли, Турчинот, Мерих Демирал на теренот извади медал од азиската Лига на шампиони и го покажуваше на навивачите на Ал Наср. Се создаде мешаница, тепачка меѓу двата табора.
„Гледам многу лоши работи. Многу фудбалери се жалат, зборуваат за судењето, многу постови на социјалните медиуми, ова не е целта на Саудиска Арабија. Треба да ги сопреме ваквите работи ако сакаме да се натпреваруваме со најдобрите европски лиги“, рече Роналдо по мечот.
„Ние се бориме за да победиме, но некои работи кои ги гледаме не се добри, ова не е фудбал. Ќе зборувам за ова по крајот на сезоната“.