
И тоа го има: Параолимписка шампионска паднала на тестот за – инвалидитет!?
Хаџиева се натпреваруваше во категоријата J2, наменета за спортисти со оштетен вид, но според последните тестирања утврдено е дека не ги исполнува условите за таа класа. Како резултат на тоа, забрането ѝ е понатамошно учество на параџудо натпреварувања. Оваа одлука доаѓа по нејзините негативни оценки на задолжителниот медицински тест спроведен пред Светското првенство во Астана. Националниот параолимписки комитет на Азербејџан соопшти дека презема мерки за усогласување со новите медицински критериуми за класификација.
Во исто време, уште една азербејџанска џудистка, Елнара Низамли, првично пријавена во категоријата J1 (за целосно слепи лица), по тестирањето беше преместена во J2 бидејќи има делумен вид. Одборот објасни дека старите категории Б1, Б2 и Б3 се заменети со нов систем – J1 и J2 – според степенот на оштетување. Овие измени доведоа до тоа многу спортисти да ги изгубат правата за учество во своите дотогашни категории, вклучувајќи ја и Хаџиева, која важеше за една од најуспешните параџудистки во Азербејџан.
ФОТО: ПАРАОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ НА АЗЕРБЕЈЏАН (ФЕЈСБУК)