
Италија чека титула на Синер: Може да падне и рекордот кој го постави со Ѓоковиќ!
Спектаклот под рефлекторите на централниот терен предизвика вистински медиумски бум и според податоците мечотт го следеле дури 4,9 милиони гледачи на националната телевизија „РАИ 1“, со импресивен рејтинг од 25%, што го направи најгледаната програма во Италија тој ден.
Оваа бројка сериозно се приближува до рекордот за гледаност на еден тениски натпревар во Италија, кој моментално го држи мечот меѓу Синер и Новак Ѓоковиќ од АТП Финалето во 2023 година со 5,5 милиони гледачи преку ТВ екраните и вкупно 6,7 милиони преку различни платформи.
Италија сѐ појасно се профилира како нова тениска сила во Европа, а овој турнир тоа само го потврди. Двајца италијански тенисери во машка конкуренција Јаник Синер и Лоренцо Музети стигнаа до полуфиналето, додека во женска помеѓу најдобрите четири се пласираше Паолини и тоа дополнително го зголеми интересот на публиката.
Иако Музети беше поразен од Карлос Алкараз и неговиот меч привлече импресивни 1,4 милиони гледачи, со рејтинг од 16%.
Финалето што следи меѓу Синер и Алкараз се очекува да биде вистински тениски класик, а медиумските прогнози најавуваат дека би можел да се сруши досегашниот рекорд за гледаност на тениски натпревар на италијанската телевизија.
Фото: ЕPA PHOTO