
Драма на славеничката парада: Фудбалер на Барса падна од отворениот автобус (ВИДЕО)
Покрај него, од автобусот наводно паднал и неговиот соиграч Дани Олмо, што накратко предизвика загриженост кај насобраните фанови. Засега нема официјални информации за сериозноста на повредите, но првичните извештаи наведуваат дека станува збор за полесен инцидент. Сведоци изјавуваат дека Мартинез бил виден како наздравува со пиво со соиграчите кратко по падот, што сугерира дека не се работи за потешка повреда.
Парадата започна во 18 часот од Авенида Аристидес Мајол и се движеа низ главните улици на Барселона, на пат долг околу 15 километри. Илјадници навивачи ја преплавија трасата, прославувајќи го историскиот успех – освојувањето на Ла Лига, Купот на Кралот и шпанскиот Суперкуп.
Славјето кулминираше пред Триумфалната капија околу 21.30 часот, кога со спектакуларен огномет беше означен крајот на официјалната прослава.
ФОТО+ВИДЕО: X / @GxlDePaulinho