Шортс како никој друг претходно: Втора година по ред е МВП во Франција!

Македонскиот репрезентативец и кошаркар на Париз, Ти-Џеј Шортс го освои признанието за најкорисен кошаркар во француското првенство и така испиша историја станувајќи првиот кој двапати во низа го освоил ова признание.

Шортс за МВП беше прогласен и во изминатата сезона, а ниту еден кошаркар откако се гласа за МВП во Франција од 2015 година не успеал да доминира две сезони во низа.

На табелата во француското првенство Париз се наоѓа на вторато позиција зад Монако кој е лидер и со ист учинок како Лион. Солидна сезона францускиот клуб имаше и во Евролигата каде што настапот го заврши со елиминација од Фенербахче и не успеа да дојде до фајнл-форот.

Токму Шортс од почетокот на сезоната е еден од лидерите со што го привлече и вниманието на поголемите европски клубови, па нема да биде изненадување ако ова лето ја промени средината.

Фото: Paris Basketball/FB