Се затвора сезоната во ПМФЛ: Брера и Беса во борба да го избегнат последното опасно место

Денеска се играат последните натпревари од сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), остана непознато уште кој ќе биде на местото кое води во бараж за опстанок.

Сезоната се затвора со последните четири натпревари, ова коло службени бодови запишаа Вардар кој требаше да игра со Гостивар и Шкупи кој требаше да ѝ гостува на Воска.

Денеска бодовите им се важни само на Брера и Беса, двете екипи се борат да го избегнат местото кое води во бараж за опстанок во лигата. 

Брера е во пол позиција бидејќи има бод повеќе од Беса и сама си ја крои судбината. Струмичани го пречекуваат Работнички и со триумф сигурно опстануваат.

Беса пак му гостува на Пелистер, за да го избегнат баражот тие мора да ги освојат трите бода во Битола, но и да чекаат поволни вести од Струмица.

Во Тетово шампионот Шкендија пред своите навивачи со меч против Силекс ќе ја слави шампионската титула.

Се игра меч и во Кавадарци каде Тиквеш ќе ја пречека Струга.

33. коло ПМФЛ:

Брера - Работнички
Пелистер - Беса
Шкендија - Силекс
Тиквеш - Струга
Вардар - Гостивар 3-0 (службено)
Воска - Шкупи 0-3 (службено)

Сите натпревари почнуваат од 17 часот.