Куманово ја победи Струга и го обезбеди опстанокот

Ракометарите на Куманово славеа победа над Струга со 30-21 со што и математички го обезбедија опстанокот во Суперлигата за наредната сезона.

Куманово претходно славеше со Борец и Радовиш, а денеска успеа да го забележа и третиот триумф во низа.

До победата кумановскиот состав беше предводен од Давид Димевски со осуј мгола и Хен Џанкарло Фелипе со еден помалку, додека кај поразените се истакна Александар Стојков со шест гола.

Куманово до крајот ќе одигра и натпревар против Прилеп кој исто така е блиску до обезбедување опстанок.

Фото: МРК Куманово | ТД