Пеп повторно лут: Девет години се бориме и ништо не се менува

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, повторно јавно го критикуваше распоредот на натпревари во англиската Премиер лига, укажувајќи дека згуснатиот календар станува сè поголем проблем за клубовите.

„Се бориме со вакви ситуации веќе девет години, секоја сезона, и ништо не се менува“, изјави Гвардиола, нагласувајќи дека неговиот тим пречесто игра по две или три средби неделно, што е премногу напорно дури и за тим со клупска длабочина како Сити.

Посебно го истакна претстојниот натпревар против  Борнмут кој е од голема важност во борбата за место во Лигата на шампионите.

„Играме во вторник навечер против една од најинтензивните и физички најподготвени екипи во лигата, Борнмут, кој се бори за Европа. Тоа не е мала работа.“

Гвардиола саркастично реагираше и на одлуката на Премиер лигата да го помести дуелот меѓу Астон Вила и Тотнем од недела во петок, за да им даде повеќе време на „петлите“ за подготовка за финалето на Лига Европа против Манчестер јунајтед.

„Многу добра одлука, навистина. Ние Игравме секогаш во среда и потоа повторно во сабота… ниту еднаш го немавме тој еден ден плус, очигледно не ни беше потребен“, иронично прокоментира шпанскиот стратег.

Манчестер сити во денеска го очекува финалето на ФА Купот против Кристал палас на стадионот Вембли, со почеток во 17:30 часот. 

Фото: Маnchester City/FB