
Салах не крие: Посакува трансфер кој би предизвикал потрес на Островот!
Се поврзуваше Де Брујн во медиумите и со Ливерпул, а Салах не крие дека би сакал да го види на „Енфилд“.
„Сакам да му честитам за сè што постигна во досегашната кариера. Направи фантастична работа во Манчестер Сити и имаше неверојатен придонес за развојот на Премиер лигата. Искрено му посакувам сè најдобро. И, се разбира, имаме место за него овде“, изјави Салах.
Сепак во овој момент како најсериозен кандидат за доведување на Де Брујн се истакнува италијански Наполи.
Белгиецот, наводно, одбил понуди од Саудиска Арабија и од САД, бидејќи сè уште верува дека може да игра на највисоко ниво во Европа.
Фото: Liverpool FC/X