Страшен инцидент на Имола: Болидот на Цунода беше уништен (ВИДЕО)

Возачот на Ред Бул, Јуки Цунода, доживеа сериозна несреќа на самиот почеток од квалификациите за Големата награда на Емилија Ромања, седмата трка од овогодинешната сезона во Формула 1.

Јапонецот изгуби контрола над болидот и излета од патеката, а потоа и силно удри во заштитниот ѕид. Сцената изгледаше навистина страшно, но за среќа Цунода излезе неповреден од болидот кој беше уништен.

Овој инцидент за Цунода значи и дека утрешната трка ќе ја стартува од последната позиција.