
Осасуна го победи Атлетико и ја одржа европската надеж! (ВИДЕО)
Фудбалерите на Диего Симеоне денеска не беа многу заинтересирани за фудбал. Фактот што немаат многу што да поправат на табелата, ги направи анемични во овој дуел, па не покажаа многу од својот репертоар.
Таквиот однос на гостите го искористи Осасуна која со два гола дојде до три важни бода во борбата за позициите кои водат во Европа.
Резултатот беше отворен во 25. минута кога по асистенција на Сарагоса, Катена погоди за водство на Осасуна од 1-0.
Тој резултат беше актуелен до 82. минута кога Будимир постигна гол за конечни 2-0.
Будимир стана и најдобар странски стрелец во историјата на Осасуна.
По ова коло Осасуна има ист број на бодови со Рајо Ваљекано кој е на позиција која води во Конференциската лига.
Во истиот термин се одигра имечот меѓу Рајо Ваљекано и Бетис кој заврши нерешено, 2-2.