
Теодосиќ збесна на судиите и на челниците на АБА – го чека жестока казна (ВИДЕО)
Инцидентот се случи на синоќешниот втор натпревар од четвртфиналната серија на АБА лигата, кога црвено-белите ја победија Игокеа (95-90) во Лакташи и обезбеди пласман во полуфиналето. Теодосиќ беше исклучен од натпреварот поради вербална расправија со судиите, спортскиот директор на лигата Милија Војиновиќ и комесарот за судење Срѓан Дожај.
Ова не е прв дисциплински прекршок на Теодосиќ сезонава – претходно беше казнет со три натпревари суспензија и парична казна од 7.500 евра. Доколку сега добие максимална казна, ќе ги пропушти сите преостанати натпревари до крајот на сезоната, вклучувајќи и можниот финален дуел.
Овој развој на настаните сериозно го комплицира ростерот на Звезда, особено на плејмејкерската позиција, каде што Коди Милер-Мкинтаер е веќе надвор поради повреда. Во полуфиналето Црвена звезда ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Будуќност и Мега, а предноста на домашен терен најверојатно ќе ја има тимот од Подгорица.