
Прва двојна круна за Барса по седум сезони, Реал чека веќе 36 години
Тоа е огромен успех, ако се има предвид дека пред почетокот на сезоната никој не очекуваше Барса да освои каков било трофеј, а двата пехара беа „резервирани“ за атомскиот Реал. Со оглед на финансиските проблеми со кои се соочуваше, предвидувањата за каталонскиот тим беа дека ќе има заостанување од најмалку 15 бода во однос на својот најголем ривал, па дури и дека ќе заврши на третото место.
Ова е вкупно деветта двојна круна во историјата на Барселона, но дури петта во последните 16 години. Под водство на Гвардиола освои една (2009 година), две со Луис Енрике (2005 и 2016), една со Ернесто Валверде (2018) и оваа со Ханси Флик.
Интересно е тоа што Реал иако е најтрофеен клуб во Шпанија, има само четири двојни круни од кои последната е освоена во 1989 година. Уште еден интересен податок во врска со Реал е тоа што овој тим и по 17 години не успева да одбрани трофеј во Ла Лига, односно да освои две титули по ред. Последниот пат тоа го направи во 2008 година по што стигна до пет трофеи, но ниеднаш по ред (2012, 2017, 2020, 2022, 2024).