
Променет распоредот на Македонија на ЕП - почнуваме против најтешките ривали!
Македонија ќе го почне шампионатот против еден од домаќините, Данска во Хернинг на 16 јануари, а потоа ќе се соочи против Португалија, иако најпрво беше предвидено нашите ракометари да играат против Романија.
Мечот меѓу Македонија и Португалија е закажан за 18 јануари, додека два дена подоцна се игра пресметката против Романија.
Пласман во втората фаза на ЕП 2026 ќе обезбедат само двете најдобри репрезентации од секоја група.