Литванци ќе му судат на Алкалоид во Атина, а Португалци во Скопје!

Македонскиот ракометен суперлигаш Алкалоид ќе се соочи против грчкиот гигант АЕК во финалето на Европскиот Куп на ЕХФ, а Европската куќа на ракометот ги одреди судиите за натпреварите.

АЕК и Алкалоид најпрво ќе се соочат во Атина на 18 мај од 18 часот, а таму ќе им судат Гитис Сниуревичиус и Андриус Григалионис од Литванија, додека делегати ќе бидат Норвежанецот Свеин Олаф Ое и Шпанецот Франциско Блазгес Гарсија.

Реваншот за титулата ќе се игра во „Борис Трајковски“ на 25 мај од 20.30 часот, а правдата ќе ја делат Даниел Мартинс Акото и Роберто Мартинс Акото, додека делегати се Французинот Денис Рејбел и Словенецот Фрањо Бобинац.