Борац Бања Лука го награди Шишковски со - нов договор! (ФОТО)

Македонскиот голман Дамјан Шишковски денеска потпиша нов договор со босанскиот тим Борац Бања Лука на уште една година, откако оваа сезона ги исполни очекувањата на клубот со неговите одлични настапи.

Борац преку социјалните мрежи соопшти дека соработката со македонскиот чувар на мрежата е продолжена на уште една година.

„Не се двоумев многу кога стигна понудата да го продолжиме договорот. Во Борац од првиот ден се чувствувам како дома и мило ми е што и следната година ќе ја бранам честа на екипата и градот. Постигнавме многу оваа сезона и имавме сезона за паметење во Европа. Се радувам на новите предизвици“, кажа Шишковски.

Шишковски претходно во кариерата бранеше за Арарат, Докса, Работнички, Ропс, Лахти и Гент.

Фото: Facebook/FK BORAC Banja Luka