
Охриѓанецот Осман самоуверен: Не е проблем – ќе го донесам Леброн Џејмс!
Родениот охриѓанец истакна дека иако не разговарал неодамна со Леброн, не ја исклучува идејата да го покани на завршницата од најсилното европско натпреварување.
„Не сум зборувал скоро со Леброн, но зошто да не? Би можел да му испратам порака ако има неколку слободни дена. Ќе бидам во Абу Даби со мојата сопруга, семејството и блиските – сите што ми носат среќа. Возбуден сум и со нетрпение го очекувам турнирот“, рече Осман.
Говорејќи за полуфиналниот натпревар против Фенербахче, тој потенцираше дека неговиот тим го очекува голема борба, иако веќе двапати ги има совладано Турците оваа сезона.
„Беа тоа два многу тешки натпревари кои се решија во последните секунди. Фенер одигра одлично во плејофот и лесно го елиминираше Париз баскет со 3-0, што беше навистина импресивно“, дополни Осман.
Турчинот со македонски корени додава дека и другите потенцијални финалисти, Олимпијакос и Монако, се силни тимови со индивидуалци кои можат сами да решат натпревар:
„Џејмс, Окобо, Лојд – сите се опасни еден на еден. Би сакал да гледаме грчко финале“, објасни тој.
Кошаркарот на крајот подвлече дека неговиот тим е подготвен повторно да ја освои титулата:
„Имаме талентиран и силен состав. Веруваме еден во друг и одиме чекор по чекор. Не гледам причина зошто да не станеме шампиони повторно. Ни требаат уште две победи, почнувајќи со Фенербахче. Сите се мотивирани“, заврши кошаркарот на ПАО.
Осман е роден во Охрид, каде што го минува буквално секое лето и каде што пред три години се венчаше со познатата турска актерка, Ебру Шахим.