
Каде е топката? Јокиќ мангупски надмудри двајца противници и лесно даде кош (ВИДЕО)
Тој беше најзаслужен за триумфот на Денвер Нагетс против Оклахома сити тандер (119-107) со што овој тим ја израмни полуфиналната серија на Западната конференција на 3-3. Српскиот ас го заврши натпреварот со 29 поени, 14 скокови и 8 асистенции, а токму неговиот потег во кој со еден потег ги „испрати по бурек“ Изаја Хартенштајн и Чет Холмгрен, па со лесно полагање го заврши нападот, стана вирален момент на вечерта.
Неговата кошаркарска итрина не остана незабележана – социјалните мрежи на НБА веднаш ја споделија акцијата која ги воодушеви фановите ширум светот. Одлучувачкиот седми меч што ќе ја одреди судбината на двете екипи ќе се игра во недела вечер по македонско време, со почеток во 21.30 часот.
ФОТО: EPA PHOTO