
Кид неочекувано студен: Не плачев кога го „избркаа“ Дончиќ – трејдот беше одличен!
Тој, неочекувано, беше студен, а една од причините за тоа е фактот што и самиот низ играчката кариера бил трејдуван.
„Не плачев. Наместо тоа, се фокусирав на тоа како тимот да продолжи да функционира. Таква е НБА, бизнисот пред емоциите. И јас во кариерата бев трејдуван, па тоа не го сфаќав трагично“, истакна Кид по веста дека Далас го доби првиот избор на претстојниот НБА драфт.
Стратегот на „телињата“ објасни дека веднаш по веста за трејдот, само го оставил телефонот и останал сам со мислите.
„Го спуштив телефонот, гледав во таванот и се обидував да разберам што точно се случи. Не се јавив никому. Моја задача е да бидам тренер и да го водам тимот напред“, рече тој.
Според Кид, трејдот бил јасно договорен со генералниот менаџер Нико Харисон, без никаква дилема.
„Му реков на Нико дека ни треба промена. Тој ми рече дека трејдот ќе биде официјализиран за еден час. И така беше. Немаше дискусија – тоа беше вистинската одлука“, нагласи Кид.
Тој додаде дека целиот тим, вклучувајќи го и стручниот штаб, веднаш реагирал професионално и ја презел одговорноста да ја одржи стабилноста на клубот. Иако потврди дека последен пат се слушнал со Дончиќ преку порака наутро пред трејдот, Кид истакна дека чувствува длабока почит кон својот поранешен играч.
„Имав чест да го тренирам. Тој е одлична личност и еден од најдобрите играчи на светот. Му посакувам се најдобро“, изјави Кид.
ФОТО: EPA PHOTO