Гатузо и Хајдук го договорија начинот на разделба, Италијанецот не бара пари!

Џенаро Гатузо во недела за последен пат ќе го води Хајдук на Пољуд и тоа на дербито против Риека, по крајот на сезоната италијанскиот стратег ќе го напушти Сплит.

До крајот на првенството остануваат уште две кола, а последниот меч на Хајдук на домашен терен е во недела, тогаш Гатузо ќе се збогува со навивачите.

Италијанскиот стратег има договор на уште една година, но нема да го одработи, договорена е разделба меѓу двете страни и тоа беше обештетување.

Гатузо решил да не побара ниту евро за разделбата со клубот, тој и претходно ги искажа емоциите кон Хајдук и кон Сплит.

„Можеби се повторувам и го зборувам истото, но дојдов во овој прекрасен град и народ со насмевка. Така и ќе го напуштам, со насмевка на лицето. Незаборавни 11 месеци се зад мене. Имаше тешки и добри моменти. Кога ќе заминам ќе ми биде многу тешко бидејќи запознав луѓе кои ми го променија животот“, рече Гатузо.