Шортс се сели кај охриѓанецот Осман во освојувачот на Евролигата!?

Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс имаше извонредна индивидуална сезона со Париз и привлече неколку екипи, меѓу кои се наоѓа и актуелниот освојувач на Евролигата, а тоа е грчки Панатинаикос.

Шортс го поврзуваа со трансфер во НБА-лигата кај Мемфис гризлис, меѓутоа новинарот Донатас Урбонас објави дека Панатинаикос е во пол-позиција за потписот на македонскиот репрезентативец.

Американецот со евентуален потпис за грчката екипа би му се приклучил на родениот охриѓанец Чеди Осман во Панатинаикос и би имал поголеми шанси за освојување на Евролигата.

Панатинаикос е актуелен европски шампион, а ќе се бори и оваа сезона за титулата во Евролигата. Грчкиот тим во полуфиналето ќе се соочи против Фенербахче, додека останатиот пар е составен од Олимпијакос и Монако.

Фото: EPA PHOTO