
Тренерот на Еспањол со критики за Барселона: Да дувнеш, ќе паднат како покосени!
Гонзалес ги обвини фудбалерите на Барселона дека често симулираат на теренот и бараат прекршок, иако не постои причина за такво нешто.
„Јамал е добар фудбалер, но не смее така да симулира. Му кажав дека провоцира и глуми. Не беше остар старт, а тој падна и почна да глуми. Сè беше обичен театар. Да дувнеш, тие ќе паднат како покосени“, кажа Гонзалес.
Standings provided by Sofascore
Фото: EPA PHOTO