Винисиус го посочи главниот виновник за поразот од Хрватска на СП 2022

Документарниот филм за бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор открива нови детали од неговата кариера, а во него може да се погледне и како ѕвездата на Реал Мадрид не може да се помири со поразот од Хрватска на Светското првенство (СП) во 2022 година во Катар.

Хрватска го елиминира Бразил во четвртфиналето на Мундијалот, а Винисиус за поразот го обвини тогашниот селектор Тите, кој направи голема грешка.

„Мораше да го замени Нејмар и наместо него да го пушти стоперот Бремер за да го затвори натпреварот. Само на таа замена и потоа на уште една ќе потрошеше две минути и ќе победеше“, вели Винисиус.

Бразил разочара на СП 2022 во Катар, додека Хрватска успеа да стане вицепрвак.