Илјадници фанови ги поздравија фудбалерите на Барселона, Јамал славеше со лижавче (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона по победата над Еспањол денеска ја организираа шампионската парада низ улиците на Барселона каде што на улиците излегоа илјадници фанови.

Покрај титулата во Ла Лига Барселона сезонава ги освои и трофеите во Суперкупот и Купот на Шпанија, па така може да се каже дека избраниците на Флик уште во својатап рва сезона ги оправда очекувањата.

Еден од фудбалерите кои привлекуваше најголемо внимание секако беше тинејџерот Ламин Јамал кој во еден момент го забележа и својот братучед на улиците во Барселона, Мохамед Абде и во тој момент не можеше да го сокрие воодушевувањето поздравувајќи го со насмевка