Како да се од Балканот: Холандски клуб нема да игра во Европа поради бизарна грешка

Иако се во трка за место кое води во европските квалификации, холандскиот клуб Фортуна Ситард нема да има можност да игра во Европа следната сезона и тоа поради ситуација која што наликува на клуб од Балканот.

Како што пренесува „Би-Би-Си Спорт“ тимот од Ередивизие заборавил да ја поднесе навреме апликацијата за УЕФА лиценца, документ без кој настапот во европските купови е невозможен. Крајниот рок за поднесување бил 8 април, а од клубот едноставно задоцниле.

Со оваа грешка, Фортуна автоматски останува без право на учество во европските натпреварувања во сезоната 2025/26, без разлика на тоа дали ќе обезбеди пласман преку табелата.

Навивачите се разочарани од оваа административна грешка, а од клубот сè уште нема официјална изјава или објаснување како дошло до таков превид, особено во момент кога тимот конечно бележи стабилни резултати и има реална шанса да се избори за европски настап.

Фото: Fortuna Sittard/X