
Бутел не беше закана, Вардар рутински до уште еден триумф
Гостите беа рамноправен противник во почетните минути, а при резултат 7-7 Вардар направи серија од 4-0 и така почна да го трасира патот кон победата.
До крајот на првото полувреме црвено-црните веќе имаа водство од осум гола разлика (21-13).
Во вториот дел Бутле не успеа посериозно да ја загрози предноста домаќините кој констатно изнесуваше од седум до девет гола разлика. Дмитро Хориха беше најефикасниот кај Вардар со седум гола, додека за Бутел Дамјан Субашевски постигна шест.
Со оваа победа Вардар дојде до 15 бодови, два повеќе од Пелистер кој има и натпревар помалку.