Немаше среќа: Мегваер остана без гол поради милиметри! (ВИДЕО)

Резултатот на полувремето помеѓу Челси и Манчестер јунајтед е почетниот 0-0, а поблиску до водство беа избраниците на Рубен Аморим.

„Црвените ѓаволи“ и ја погодија мрежата преку Хари Мегваер во 16. минута, но погодокот на англискиот дефанзивец беше поништен поради минимален офсајд.Мегваер буклвано за некој милиметар беше пред одбранбениот фудбалер на „сините“.

Ќе потсетиме, раката не се смета бидејќи не е дел од телото со кој може да се постигне гол.