
Прв турнир по суспензијата и веднаш финале: Синер закажа спектакл со Алкараз!
За место во финалето Синер се избори со победа против 12-тиот светски тенисер, Томи Пол до која дојде со пресврт со 2-1 (6-1, 6-0, 6-3) во сетови.
Изненадувачки Пол започна многу подобро и направи брејк уште во вториот гем за водство од 0-2. Добрата игра продолжи и во продолжение од сетот во кој светскиот број еден освои само еден гем.
Но, веќе во вториот Синер го подигна нивото на игра и експресно го освои со 6-0. Во третот, одлучувачки не беше така доминантен, но сепак му дозволи само два гема на противникот за конечен триумф.
Алкараз своето место во финалето го обезбеди откако денес претходно беше подобар од Лоренцо Музети исто така со 2-1 во сетови.
Фото: ЕPA PHOTO