Ливерпул му ја исполни првата желба на Слот - доаѓа засилување од 35 милиони евра!

Новиот англиски шампион Ливерпул почна со засилувањата за следната сезона, откако реши да ја активира откупната клаузула од 35 милиони евра која ја има Жереми Фримпонг во договорот со Баер Леверкузен.

Ливерпул остана без Трент Александер-Арнолд, по што тренерот Арне Слот веднаш побара засилување на десната бековска позиција, а управата на „црвените“ реагира и му ја исполни желбата.

Фримпонг, освен во одбраната, може да помогне и при офанзивните обврски во екипата, па Ливерпул дефинитивно ќе добие големо засилување за следната сезона.

Талентираниот фудбалер оваа сезона настапи на 48 натпревари за „фармацевтите“, а притоа постигна пет голови и 12 асистенции.

Фото: Facebook/Liverpool FC