
Официјално: Ерик Дајер има нов клуб
Фудбалерот кој има 31 година и може да покрие позиции како последен играч за врска или централен бек, пристигна во Баерн во 2024 година. Во минатата сезона се покажа како вредно засилување во ротацијата на тимот и како фудбалер кој може да понуди сигурност и стабилност.
Сепак, Дајер сака поголема улога и повеќе минути на теренот, нешто што што не можеше да го добие покрај големата конкуренција во Баерн. Поради тоа се одлучи кариерата да ја продолжи во Франција во редовите на Монако.
Дајер потпиша преддоговор со клубот од Кнежевството, а на тимот ќе му се придружи од 1 јули. За репрезентацијата на Англија во кариерата успеа да собере 49 настапи.