Џенова ја замрси борбата за титулата - Наполи остана на само еден бод предност (ВИДЕО)

Екипата на Наполи направи голем кикс во борбата за шампионската титула во Серија А откако вечерва на домашен терен одигра само нерешено (2-2) со Џенова.

Навивачите на преполниот „Диего Марадона“ очекуваа сигурна победа и лесни три бода, Наполи ги имаше до 84. минута, но не издржа пред гостите кои не сакаа да се покорат и предадат. Одиграа максимално чесно до крајот, освоија бод кој можеби не им значи многу за пласманот на табелата, но значи за нивното и достоинството на клубот.

Наполи два пати водеше на овој натпревар, прво со голот на Лукаку во 15., а потоа на Распадори во 64. минута. Асистент за двата погодока беше Скот Мектоминеј кој одигра уште еден извонреден натпревар. Џенова израмни во 32. минута откако Мерет несмасно интервенираше и си ја вметна топката во мрежата, а потоа и во 84. минута кога Васкез го постави конечниот резултат.

На две кола пред крајот, предноста на Наполи пред Интер изнесува само еден бод и многу работи ќе зависат од исходот во 37. круг кога „нераѕурите“ го пречекуваат Лацио, а Наполи гостува кај Парма.

Standings provided by Sofascore