
Елмас одигра цел меч, Интер го победи Торино (ВИДЕО)
Финалистот на Лигата на шампионите, Интер запиша нови три бода во Серија А, овојпат победувајќи го Торино.
Залевски во 14. минута го отвори резултатот, а Аслани од пенал по пет минути игра во вториот дел го постави конечниот резултат.
Елмас беше еден од најдобро оценетите фудбалери на Торино во овој меч против Интер.