
Најдобриот тим на Истокот покажа дека е жив – се врати во игра во серијата со Индијана (ВИДЕО)
Најзаслужен за победата беше Донован Мичел, кој блесна со 43 поени, девет скокови и пет асистенции, докажувајќи зошто е лидерот на овој тим. Поддршка доби од Макс Струс со 20 поени и по седум скокови и асистенции, додека Џерет Ален и Еван Мобли остварија „дабл-дабл“ учинок со по 19 и 18 поени, односно по 13 скокови. „Коњаниците“ доминираа од самиот почеток, особено во втората четвртина која ја добија со 34-13, што беше клучниот момент на натпреварот. За разлика од претходниот меч кога ја прокоцкаа предноста во завршницата, овој пат Кливленд рутински го приведе мечот до крај.
На другата страна, најдобар кај Пејсерс беше Бенедикт Матурин со 23 поени, но тоа не беше доволно да се спречи налетот на противникот. Индијана ги доби првите два натпревари на гости во Кливленд со резултати 121-112 и 120-119. Следниот натпревар се игра во ноќта меѓу недела и понеделник, со почеток од 2:00 часот по македонско време, повторно во Индијанаполис.
ФОТО: CLEVELAND CAVALIERS (facebook)