Пикси засекогаш отпиша една од српските ѕвезди: Додека сум јас тука никогаш нема да биде повикан!

Селекторот на Српската фудбалска федерација, Драган Стојковиќ - Пикси го објави списокот на фудбалери кои ќе конкурираат за квалификациските натпревари против Албанија и Андора.

На списокот повторно го немаше Сергеј Милинковиќ-Савиќ, па на прес-конференцијата Пикси беше запрашан зошто е тоа така.

„Разговаравме мислам пет пати. Последниот разговор го имавме по крајот од Лигата на Нации. Тогаш ми кажа дека не е психички подготвен. Додека сум јас селектор, повеќе нема да биде повикан. Мислам дека нема смисла повеќе да се губи време дали играл или не играл. И понатаму го ценам, но после пет разговори веќе не би требало да се зборува на оваа тема. Ќе повторам дека нема никаква врска со мене или расправија, би ги замолил луѓето да не прават непотребни приказни. Немам желба и енергија да убедувам некого“, изјави Пикси.

Србија на 7 јуни гостува кај Албанија во Тирана, а три дена подоцна во Лесковац ја пречекува Андора.